По 13 години, Бритни Спирс е официјално слободна
По 13 години, посебниот надзор на поп- ѕвездата Бритни Спирс (39) официјално и е прекинат.
Врховниот суд во Лос Анџелес по 13 години го прекина старателството врз Бритни Спирс. Во петокот судијката во Лос Анџелес, Бренда Пени пресудила во корист на пејачката. Спирс ја опишала пресудата како “најдобриот ден во животот”.
-Надзорот на лицето и имотот на Бритни Џин Спирс повеќе не е потребен – изјавила судијката.
Бритни сподели видео од стотиците поддржувачи на #FreeBritney кои вчера се собрале пред судот во Лос Анџелес. Имало многубројни ранспаренти со натписи „Слободна Бритни” , а исто така фановите фрлале и конфети.
-Толку многу ги сакам моите обожаватели што е лудост. Мислам дека ќе плачам остатокот од денот. Најдобриот ден досега… – напишала Бритни на Инстаграм.
Бритни и нејзиниот мултимилионски имот беа под контрола на таткото Џејми Спирс повеќе од една деценија, а неговата улога исто така беше прекината.
Голем број личности од светот на шоубизнисот кои ја поддржуваа Бритни ја искажаа својота радост на социјалните мрежи, помеѓу нив и музичката икона Шер, глумицата Џамила Џамил, Парис Хилтон, американскиот водител Енди Коен, модната креаторка Донатела Версаче.
Вереникот на Бритни, Сем Ашгари се огласил на Инстаграм со едноставна порака:
-Денес е испишана историја. Бритни е слободна!