ПО НОВИТЕ ГЛАСИНИ ЗА НЕВЕРСТВО: Тристан Томпсон и го честиташе роденденот на Клои
Тристан Томпсон се огласи на Инстаграм за да и го честита роденденот на Клои Кардашијан покрај неодамнешното прекинување на врската и обвинувањата за неверство.
Кошаркарот објави неколку фотографии и се обрати со емотивна порака за мајката на неговата ќерка.
-Среќен роденден Клои. Ти благодарам не само за тоа што си прекрасен партнер, мајка и најдобар пријател, туку си и најљубезниот, грижлив и најпрекрасен човек што сум го сретнал. Твојата љубов и дух се заразни за сите што те сретнале. Ти благодарам за тоа што секогаш си тука за мене и за тоа што секогаш го ставаш нашето семејство на прво место. Те сакам најмногу. Имај прекрасен ден – напиша Тристан.
Многубројните фанови не беа задоволни од оваа постапка на Тристан па го нападнале во коментари под фотографиите.