ПО ОДМОРОТ – ВИСТИНСКА ДРАМА: Филмски грабеж во домот на Северина
Иако Северина деновиве е хит низ таблоидите поради секојдневните фотографии од одморот на Малдивите, таа се наоѓа во Загреб каде што доживеала вистинска драма.
Имено, како што јавуваат хрватските медиуми, нејзниот стан го обиле двајца маскирани крадци, ја врзале 65-годишната куќна помошничка и потоа побегнале во непознат правец. При грабежот е украден накит во вредност од неколку стотици илјади евра.
– „Вие разбирате дека не можам да кажам ништо, им се обрати пејачката на новинарите. Посакувам само сите да сме живи и здрави. Се разбира, некои украдени работи имаат сентиментална вредност за мене, но полесно ќе се справам со тоа. Тие го украдоа „моето дете“ во мене. Моите спомени. Тоа е најлошото нешто што ми се случи. Работите имаат вредност, но можат да се надоместат. Изгубеното и украдено време без “моето дете“ никогаш не може да се надомести“, изјавила Северина за „Јутарњи лист”.
По грабежот интервенирала полицијата, а во станот била спроведена истрага.
„Фала му на Бога, сите се добро. За сè друго, мора да ве насочиме кон полицијата“, изјавил менаџерот на Северина за хрватските медиуми.