Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПО РАСИСТИЧКИОТ КОМЕНТАР: Џејмс Корден ќе го менува концептот на шоуто

Шоубиз

ПО РАСИСТИЧКИОТ КОМЕНТАР: Џејмс Корден ќе го менува концептот на шоуто

ПО РАСИСТИЧКИОТ КОМЕНТАР: Џејмс Корден ќе го менува концептот на шоуто

Џејмс Корден ќе го менува сегментот „Spill Your Guts or Fill Your Guts“ во неговото шоу „The Late Late Show“ откако беше обвинет за навредување на азискиот народ и култура.

На петицијата која е покрената на „Change.org“ од страна на тик ток корисникот Ким Саира, собрани се околу 45 илјади потписи.

– Храната што Азијците ја обожаваат, во шоуто е прикажана и насловена како „навистина одвратна“ или „ужасна“, само со цел да ги предизвика гостите да одговараат и на најинтимните прашања. Но, ова се всушност јадења од различни азиски култури. Ова уште повеќе го разгорува проблемот со кој се соочуваат Азијците кои живеат во Америка и често пати се напаѓани поради нивните традиционални јадења. Ова шоу ги поддржува таквите напади – се наведува во петицијата и се бара или да се смени целиот концепт на презентација на храната во шоуто или овој сегмент комплетно да се исфрли.

Водителот во интервју потврди дека ќе го менува овој сегмент, каде што познати личности одговараа на разни прашања, а ако одбиjат да одговорат на некое, мораа да изедат од храната која е пред нив на масата.

– Нашето шоу треба да претставува радост, светлост и љубов, не сакаме шоуто да вознемири никого – изјави британскиот водител.

Корден со пример објасни како ќе се менува менито, односно гостите ќе се обиде да ги уплаши со оброци што ќе ја нарушат нивната исхрана, како пица со чизбургер над неа.

Многу славни личности гостувале, меѓу кои Ким Кардашијан, Џастин Бибер, Кендал Џенер, Криси Тајген, Мила Кунис и кулинарските деликатеси што им се нуделе се „балут“ или т.н. еден век старо јајце, кое всушност е маринирано неиспилено јајце со веќе оформено пиле во него, потоа нозе од кокошка, варен јазик од крава и слични јадења, кои се деликатеси на азискиот народ.

 

 

 

 

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.