Шоубиз
По разводот од Џонас, Софи Тарнер е видена како се бакнува со британски аристократ
Софи Тарнер (27) беше снимена како страсно се бакнува со Перегрин Пирсон во Париз, помалку од два месеци откако се појави веста дека таа се разведува од Џо Џонас. Фотографијата ја објави британскиот „The Sun“.
“Изгледаше како двајцата да пристигнале со Еуростар од Лондон. Стоеја таму неколку минути, разговараa и многу се смееја. Потоа тој ја симна капата и се наведна да ја бакне. По бакнежот се разделија”, извор изјави за британските медиуми.
Софи Тарнер беше забележана со Перегрин Пирсон на Светскиот куп во рагби во саботата, неколку часа откако тие споделија бакнеж. Актерката беше фотографиран насмеана додека пристигнуваше на стадионот Стад де Франс со Перегрин, пред финалето на Светското првенство во рагби меѓу Нов Зеланд и Јужна Африка.
29-годишниот Перегрин Пирсон многумина го нарекуваат најпосакуваниот британски ерген. Тој е наследник на четвртиот виконт Каудреј, а неговото семејно богатство се проценува на 224 милиони фунти. Во септември, Перегрин се раздели од принцезата Марија-Олимпија од Грција и Данска.
Софи Тарнер и Џо Џонас на почетокот на септември објавија дека се разведуваат по четири години брак. Еден месец подоцна, Page Six доби судски документи според кои двојката наскоро ќе ги реши сите прашања меѓу нив. Исто така, постигнат е договор за привремено старателство над ќерките, тригодишната Вила и едногодишната Делфин.