Шоубиз
Почина актерката Кери Фишер
Глумицата Кери Фишер, која е најпозната по улогата на принцезата Леја во оригиналниот серијал филмови „Војна на ѕвездите“, почина вчера на 61-годишна возраст, соопшти портпаролот на нејзиното семејство, Сајмон Холс.
– Со голема тага објавуваме дека саканата мајка, Кери Фишер почина утрово во 8:55 часот. Светот ја сакаше, и на сите многу ќе ни недостига. Нашето семејство ви заблагодарува за молитвата и поддршката која ни ја давате, изјави синоќа Холс.
Кери почина четири дена откако пристигна од Лондон во нејзиниот дом во Лос Анџелес, каде сакаше да ги поминне празниците со нејзините најблиски.
Во текот на летот таа едноставно престанала да дише, па од аеродромот веднаш беше однесена в болница, каде лекарите утврдиле дека актерката има проблеми со срцето.
Веднаш потоа, мајката на глумицата, Деби Рејнолдс во саботата ја извести јавноста дека состојбата на нејзината ќерка е стабилна.