Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина долгогодишниот партнер на Сандра Булок, три години се бореше со АЛС

Шоубиз

Почина долгогодишниот партнер на Сандра Булок, три години се бореше со АЛС

Долгогодишниот партнер на Сандра Булок, фотографот Брајан Рендал, почина викендов на 57-годишна возраст.

Оваа вест за People ја потврди и неговото семејство.

Со голема тага споделуваме дека на 5 август, Брајан Рендал почина мирно по 3-годишна борба со АЛС. Брајан избра да го чува во тајност неговото патување со АЛС и ние што се грижиме за него направивме сè што можевме за да го почитуваме неговото барање – стои во соопштението.

Брајан со години се борел со амиотрофична латерална склероза, болест која спаѓа во групата на невролошки заболувања на централниот нервен систем. Тоа е прогресивна, фатална болест, во која пациентите најчесто умираат од респираторна парализа.

Сандра го запознала Брајан во 2015 година кога го фотографирал роденденот на нејзиниот син Луис. Тие подоцна ја открија својата врска кога се појавија на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру.

Булок, која е мајка на две посвоени деца, синот Луис (13) и ќерката Лајла (10), се осврна на темата брак за време на појавувањето во декември 2021 година на Red Table Talk.

„Ја најдов љубовта на мојот живот. Ние имаме две прекрасни деца – три деца со ќерката на Рендал. Мене не ми треба хартија за да бидам посветена партнерка или посветена мајка. Не треба да ми се кажува дека треба бидам присутна во најтешките времиња. Не треба да ми кажуваат да поминам бура со добар човек“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.