Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина модниот дизајнер Вирџил Абло: Работеше за Луј Витон и беше миленик на големите ѕвезди

Шоубиз

Почина модниот дизајнер Вирџил Абло: Работеше за Луј Витон и беше миленик на големите ѕвезди

Почина модниот дизајнер Вирџил Абло: Работеше за Луј Витон и беше миленик на големите ѕвезди

Вирџил Абло, основач на брендот Off-White и креативен директор за машка облека во модната куќа Луј Витон, почина на 41-годишна возраст, откако се бореше со ретка, агресивна форма на рак, објавија на неговиот официјален профил на Инстаграм

Дијагнозата му беше дијагностицирана во 2019 година и оттогаш беше подложен на бројни третмани. Во септември 2019 година, Вирџил направи пауза од модата по налог на лекар, а таа есен откажа неколку настани и јавни појавувања.

-Со голема тага изјавуваме дека нашиот сакан Вирџил Абло, посветен татко, сопруг, син, брат и пријател. Зад себе ги остави својата сакана сопруга Шенон, неговите деца Лоу и Греј, сестрата Едвина, неговите родители Не и Јунице, како и бројни драги пријатели и колеги.

-Преку две години, Вирџил силно се бореше со ретка, агресивна форма на рак (cardiac angiosarcoma). Тој одлучи да ја води својата битка од дијагностицирањето на ракот во 2019 година приватно, подвргнувајќи се на бројни третмани, а се’ тоа додека беше на чело на неколку значајни институции кои опфаќаат мода, уметност и култура.

-И покрај сето тоа, неговата работна етика, бескрајна љубопитност и оптимизмот никогаш не го напуштија. Вирџил беше воден од посветеноста на неговиот занает и неговата мисија да ги отвори вратите за другите и да создаде патеки за поголема еднаквост во уметноста и дизајнот. Често велеше: „Се’ што правам е за 17-годишната верзија од мене“, длабоко верувајќи во моќта на уметноста да ги инспирира идните генерации.

-Ви благодариме на сите за љубовта и поддршката и ќе ве замолиме за приватност додека жалиме и го славиме животот на Вирџил – се вели во соопштението.

 

Во својата изјава, претседателот и извршен директор на LVMH Group, Бернард Арно, го опиша Абло како „генијален дизајнер, визионер и човек со прекрасна душа и голема мудрост“.

Првиот голем успех на Абло во светот на модата дојде во 2009 година кога стажираше во Фенди со Канје Вест. Една година подоцна, Абло стана креативен директор на „Донде“, креативната агенција на Вест.

Во 2013 година го основа препознатливиот бренд за улична облека Off-White, откако го затвори својот прв бренд Pyrex Vision. Тој стана познат во 2018 година кога стана креативен директор на колекциите за машка облека на Луј Витон, станувајќи првиот афро-американски дизајнер на брендот.

Веста за неговата смрт предизвика шок и неверување. Многу познати личности од светот на модата и шоубизнисот се збогуваат со него преку објави на социјалните мрежи.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.