Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност

Шоубиз

Почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност

Судењето за убиство од небрежност на актерот Алек Болдвин започна во средата, 10 јули, во Ново Мексико пред преполната судница во која беа братот на Алек, Стивен и сопругата Хилари.

На првиот ден од судењето, и обвинителството и одбраната дадоа воведни изјави пред поротата од 12 лица, нудејќи многу различни објаснувања за настаните што доведоа до трагичната смрт на кинематограферката Халин Хачинс на сетот на „Rust“ во октомври 2021 година.

Болдвин може да добие затворска казна до 18 месеци ако биде осуден за ненамерно убиство. Хачинс (42) почина откако пукнал пиштолот со кој Болдвин вежбал. Откриено е дека реквизитерката Хана Гутиерес-Рид случајно ги измешала лажните куршуми со боева муниција што ја донела од дома. Актерот се изјасни како невин и тврди дека не го повлекол чкрапалото кога пукнал пиштолот.

Болдвин на почетокот на сослушувањето рече дека само „ја работел својата работа“ и имал доверба во тимот дека направиле се за да се обезбеди оружјето. Но, обвинителите тврдат дека Болдвин „играл со вистински пиштол“ и дека „ги прекршил најважните безбедносни правила“.

„Иако се работи за филмски сет, тоа е вистинско работно место за многу луѓе“- изјавила обвинителката Ерлинда Џонсон на почетокот на своето излагање, пренесува BBC. „И тоа работно место имало ограничен буџет, а се вработувале и луѓе кои немаат искуство“ – додала таа.

Адвокатите на Болдвин рекоа дека оружјето на сетот се третира со посебно внимание и дека секој член од тимот има специфична улога и одговорност, вклучително и грижа за безбедноста.

– Само глумеше, како што тоа го прави со години, а потоа пропадна безбедносниот систем – изјави адвокатот на Болдвин, Алекс Спиро.

„Тој не направи никакво кривично дело. Тој е актер кој држеше реквизит“, додаде тој. Она што жестоко се дебатира е изјавата на актерот дека само го држел пиштолот во рака, но не испукал. Обвинителот, од друга страна, тврди дека ФБИ извршил увид во пиштолот и дека со него „се било во ред“.

Од друга страна, одбраната изјави дека ФБИ „уништило дел од оружјето“ и со тоа оневозможило дополнително да се анализира.

На сослушувањето беа повикани и сведоци, меѓу кои и полицаецот Николас ЛеФлер, кој беше меѓу првите што излезе на терен. На судење беа прикажани снимки кои ги снимила камерата на неговата униформа. Околу стотина луѓе кои биле присутни во судницата имале можност да ги видат последните моменти на снимателката, а Болдвин тешко ја поднесувал таа сцена.

Судењето ќе трае до 19 јули.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.