Шоубиз
Покрената петиција против Амбер Херд: Ќе глуми во Аквамен 2, но помалку од 10 минути
Амбер Херд (36) ќе глуми во филмот „Aquaman 2“ помалку од десет минути. Одлуката ја донесоа продуцентите откако беше покрената петиција за исфрлање на Херд од актерската екипа, објави филмската критичарка Грејс Рендолф.
Петицијата беше покрената уште во 2019 година, а иницијаторката Жан Ларсон изјави дека Амбер е насилник и дека откажувањето на нејзиното појавување во „Aquaman 2“ ќе спречи „нејзината злоупотреба да биде глорифицирана“.
I hear #AmberHeard has less than 10 min of screentime in #Aquaman2 pic.twitter.com/oh4ZhQ1CiU
— Grace Randolph (@GraceRandolph) April 28, 2022
Петицијата е веќе потпишана од 3 милиони луѓе.
– Мажите се жртви на семејна злоупотреба, исто како и жените. Тоа мора да се препознае и да се преземат мерки за да се спречи славењето на познатиот насилник во забавната индустрија – стои во описот на петицијата.
– Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од Aquamen 2 – гласи заклучокот.
Инаку, петицијата повторно стана актуелна поради тужбата меѓу Амбер и Џони Деп (58).
Да потсетиме, судењето на Амбер Херд и Џони Деп влегува во четвртата недела. Дејството се одвива во Ферфакс, Вирџинија, а Деп бара од Амбер 50 милиони долари за текстот што го објави во „The Washington Post“ во кој таа тврдеше дека е жртва на семејно насилство.
Амбер му возврати на Деп со противтужба од 100 милиони долари затоа што верува дека тој сака да ја заплаши и замолчи со неговите тужби, што исто така е противзаконско во Америка.