Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Полицијата потврди: Започнаа апсења за смртта на Метју Пери

Шоубиз

Полицијата потврди: Започнаа апсења за смртта на Метју Пери

Американскиот актер Метју Пери почина во октомври минатата година на 54-годишна возраст. Полицијата потоа започна истрага за да открие кој му дал на покојниот актер кетамин од кој починал. Денеска полицијата извести дека е уапсено „најмалку едно“ лице поврзано со неговата смрт, пренесуваат американските медиуми.

Портпаролот на судскиот совет од Лос Анџелес претходно изјави дека Пери починал од консумирање кетамин и давење. Полицијата во Лос Анџелес во мај соопшти дека соработува со американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) во истрагата за да открие зошто 54-годишникот имал толку високо ниво на кетамин во крвта.

Имено, Пери бил пронајден со лицето надолу во неговото џакузи на 28 октомври, а болничарите кои биле повикани веднаш констатирале смрт. Неговата аутопсија, објавена во декември, откри дека количината на кетамин во неговата крв е во опсегот што се користел за општа анестезија за време на операција.

Кетаминот со децении е популарен лек на американските забави, а во последните години се користи и како алтернативен третман за депресија, па затоа американските клиники често го нудат во форма на инфузија или инјекција за различни ментални здравствени проблеми.

Според TMZ, апсењата вклучуваат најмалку еден лекар и неколку дилери кои помогнале да дојде лекот до Пери.

За потсетување, уште една позната личност е поврзана со истрагата за смртта на актерот Метју Пери, а новиот извештај зборува за нивната заедничка зависност. Наводно се појавиле фотографии на кои се гледаат таа и Пери во ординација на лекар кој му препишувал кетамин.

Пери беше познат по тоа што го играше Чендлер Бинг во хит серијата „Пријатели“, кој се емитуваше од 1994 до 2004 година.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.