Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Политичка „криза“ во Југоисточна Азија поради Тејлор Свифт: Соседите лути на Сингапур поради нејзината турнеја

Шоубиз

Политичка „криза“ во Југоисточна Азија поради Тејлор Свифт: Соседите лути на Сингапур поради нејзината турнеја

Договорот на моментално најголемата поп-ѕвезда во светот Тејлор Свифт со организаторите на нејзините концерти во Сингапур, каде што ќе одржи дури шест концерти во рамките на нејзината светска турнеја, прерасна во политичко прашање во Југоисточна Азија.

Имено, Сингапур е единствената станица во тој дел од светот каде што ќе настапува мегапопуларната американска пејачка, а соседните земји тоа го прогласија за „непријателски чин“ на тој град-држава.

Владата на Сингапур претходно објави дека и дала дозвола за настап на Свифт, но не ги откри условите. Кога стана јасно дека условот е Сингапур да биде единственото место во регионот каде ќе настапува Свифт, реагираа челниците на соседните земји, а особено незадоволни беа во Тајланд и Филипините, кои изјавија дека „ова не е добрососедско однесување“.

Сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг исто така мораше да се брани од напади поради договорот со Свифт за време на прес-конференцијата на регионалниот самит во Мелбурн, Австралија.

„Нашите агенции преговараа за аранжман што и овозможи на Тејлор Свифт да дојде во Сингапур и според кој Сингапур е нејзината единствена станица во Југоисточна Азија. Испадна дека е многу профитабилен аранжман во кој не гледам ништо непријателско“, рече Ли.

Свифт ги изведе првите три од нејзините шест распродадени концерти во Сингапур од 2 до 4 март, а ќе одржи уште три настапи од 7 до 9 март. Нејзината следна станица на турнејата ќе биде Лисабон, каде што ќе настапи на 24 и 25 мај и од каде го започнува европскиот дел од својата светска турнеја.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.