Поп ѕвездата Бритни Спирс ја објави свршувачката со Сем Асгари
Поп sвездата Бритни Спирс, која моментално е во фокусот на јавноста поради борбата со контроверзното старателство кое управува со нејзиниот личен живот и финансии, објави дека е свршена со долгогодишното момче Сем Асгари (27).
Бритни и Сем ја објавија среќната вест на Инстаграм, а пејачката се пофали со огромниот дијамантски прстен.
Менаџерот на Сем ја потврди веста за свршувачката, изјавувајќи: „Парот денес ја официјализираше својата долга врска. Тие се трогнати од поддршката, посветеноста и љубовта изразена кон нив“.
Пејачката имаше изјавено дека сака да се венча со Сем, но не можела поради легалното старателство на татко ѝ. Свршувачката доаѓа неколку дена откако таткото на Бритни, Џејми Спирс, одлучи да се откаже од старателството над својата ќерка, кое траеше 13 години.
– Не можам да верувам – напиша пејачката под објавата.
Бритни и Сем се во врска од 2016 година, а се запознаа кога тој глумеше во нејзиниот спот за песната „Slumber Party“.