Шоубиз
Поради една фотографија на Инстаграм, фановите мислат дека Селена Гомез се верила
Селена Гомез ги подгреа гласините дека таа и нејзиното момче Бени Бланко се вериле.
Пејачката објави фотографија на која таа и Бени позираат пред огледало во бањата. „Ноќно излегување“, напишала во описот на објавата, а го покрила прстот на левата рака со емотикон со срце.
Обожавателите се убедени дека под емотиконот се крие прстен. „Дали го крие свршеничкиот прстен?“, „Сигурно се свршила“, „Го сокри прстот. Дали се вериле?“, се коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Бланко неодамна откри дека сака да основа семејство со Гомез. Музичкиот продуцент гостуваше во шоуто Хауард Стерн, каде откри дека е подготвен да ја подигне романсата со Селена на повисоко ниво и призна дека „секој ден размислува да има деца со познатата поп пејачка“.
“Дали сакаш да имаш деца со Селена? Дали и кажа дека сакаш деца?” прашал 70-годишниот Стерн. „Тоа секогаш ни е тема на разговор, секој ден“, изјави 36-годишниот Бланко. „Тоа е мојата следна цел. Имам многу внуци, сакам да бидам во друштво со деца“, додаде тој.
Пејачката во декември 2023 година потврди дека била во врска со Бланко шест месеци. Во тоа време, таа го нарече „најдоброто нешто што и се случило“ и рече дека се однесувал кон неа „подобро од кое било човечко суштество на оваа планета“.