Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Поради здравствени проблеми Џастин Бибер ја прекина светската турнеја

Шоубиз

Поради здравствени проблеми Џастин Бибер ја прекина светската турнеја

Поп-ѕвездата Џастин Бибер (28) објави дека привремено ја прекинува својата веќе одложена турнеја „Justice World Tour“ поради здравствени проблеми.

Музичарот, имено, на својот профил на Инстаграм објави дека шесте настапи во живо што ги направи откако му е дијагностициран синдромот Рамзи Хант на почетокот од оваа година „си го зеле данокот“.

-Минатиот викенд настапив на музичкиот фестивал ‘Рок ин Рио’ (Rock In Rio) и дадов сѐ од себе пред луѓето во Бразил“ – вели Бибер и додаде дека „е погоден од исцрпеноста“

По консултација со своите лекари, семејството и тимот, пејачот ги извести обожавателите дека неговото здравје е, сепак, најважно.

-Сега ќе се одморам од турнеите. Ќе бидам добро, но ми треба време да се одморам и оздравам – напиша тој, им се заблагодари на своите фанови за поддршката, молитвите и убавите пораки и им порача: „Ве сакам сите многу!“

Турнејата на Бибер веќе беше одложена на почетокот на оваа година бидејќи пејачот и членовите на неговиот тим беа позитивни на Ковид-19, поради што светската турнеја конечно започна во март. До март 2023 година имаше закажано 70 концерти во Јужна Америка, Азија, Австралија, Нов Зеланд и Европа.

Во јуни, канадскиот пејач откри дека му бил дијагностициран синдромот Рамзи Хант, кој се карактеризира со парализа на едната страна од лицето. Поради опоравувањето, тој беше принуден да ги откаже настапите до понатамошно известување. Потоа на Инстаграм објави видео на кое се гледа дека едната страна од лицето му е парализирана, но на обожавателите им порача дека само му треба време да се опорави.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.