Шоубиз
Поранешниот член на One Direction, Лиам Пејн, пронајден мртов во Буенос Аирес
Лиам Пејн, поранешен член на глобално популарната поп група One Direction, почина на 31-годишна возраст.
Полицијата во аргентинскиот главен град Буенос Аирес соопшти дека Пејн паднал од третиот кат на хотелот Каса Сур во квартот Палермо во средата. Телото на Пејн било пронајдено во внатрешниот двор на хотелот. Тој се здобил со „екстремно сериозни повреди“ и бил прогласен за мртов на местото на настанот.
Во изјава за медиумите, Пабло Поличикио, портпарол на Министерството за безбедност на Буенос Аирес, рече дека полицијата била повикана во хотелот како одговор на пријава за „агресивен човек кој би можел да биде под дејство на дрога или алкохол“.
Поличикио изјави дека Пејн „се фрлил од балконот на неговата соба“. Дополнителни детали не беа веднаш објабени, а властите сè уште ја истражуваат смртта.
Локалните медиуми во Аргентина објавија дека Пејн бил во Буенос Аирес за да присуствува на концертот на неговиот поранешен колега од бендот One Direction, Ниал Хоран.
Пејн се приклучи на One Direction на основањето на групата во 2010 година, откако се појави во шоуто „X Factor“. Во групата беа вклучени и Хари Стајлс, Ниал Хоран, Зејн Малик и Луис Томлинсон.
Пејн го остави за себе седумгодишниот син Беар Греј Пејн, кој го имаше со својата поранешна девојка, музичарката Шерил Кол.