Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс: „Синовите не сакаат да ја видат, нејзините разголени фотографии се непријатни…“

Шоубиз

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс: „Синовите не сакаат да ја видат, нејзините разголени фотографии се непријатни…“

Поп-принцезата Бритни Спирс има два сина од бракот со танчерот Кевин Федерлајн, кои наводно не сакаат контакт со нивната мајка. Ова се крие зад тажната семејна приказна.

Бритни Спирс (40) изминатиот период конечно се ослободи од законското старателство на нејзиниот татко Џејми, повторно стана владетел на своето богатство, а неодамна се омажи за нејзиниот вереник Сем Ашгари. Но, иако се чини дека сè и оди добро на поп дивата, тоа сепак не е така.

Нејзините синови денес имаат 16 и 15 години, а по нервниот слом на нивната мајка, биле доделени кај нејзиното семејство да се грижи за нив, а потоа и на нивниот татко со кој живеат со години. И иако пејачката на социјалните мрежи се фалеше со фотографии од заедничките моменти, се чини дека не е се така идилично.

Имено, нејзините момчиња веќе не сакаат ни да слушнат за неа, не дошле на нејзината неодамнешна венчавка, а тие наводно ужасно се срамат од објавувањето на секси разголени фотографии на Инстаграм, по кои пејачката е позната. Долгогодишното запоставување на момчињата од Бритни доведе до тоа тие повеќе да не прашуваат за неа, а сега бившиот на Бритни, Кевин Федерлајн, решил да проговори за се.

Да потсетиме, Кевин и Бритни беа во брак од 2004 до 2007 година и не се разведоа во добри односи. Кевин сега им открил на странските медиуми дека неговите синови, по години на срам поради однесувањето на Бритни, не сакаат да ја видат својата мајка и дека не може претерано да ги обвинува за тоа.

-Момчињата одлучија дека не сакаат да ја видат мајка им во моментов. Поминаа неколку месеци откако последен пат ја видоа. Тие сами одлучија дека не сакаат да одат на нејзината свадба – рекол Кевин, додавајќи дека му е болно да гледа како неговите синови се срамат од сопствената мајка и нејзините постапки, но дека неговите раце се врзани за тоа што ќе прави таа и какви одлуки ќе носи во својот живот. Неговиот приоритет е да се грижи за момчињата кои сега се во нивните чувствителни тинејџерски години.

Федерлајн ги коментираше и разголените селфи фотографии кои неговата бивша редовно ги објавува на социјалните мрежи и рече дека се обидува да го ублажи срамот на своите синови со тоа што им кажува дека така нивната мајка се обидува уметнички да се изрази – но без многу успех. Момчињата повеќе не сакаат да ја гледаат својата мајка, а тоа најмногу се должи на нејзиниот брак со Ашгари, кого го сметаат за „спонзоруша“ кој ја користи кревката психичка состојба на нивната мајка.

Бритни исто така решила да проговори за се, а на својат Инстаграм објавила изјава во која вели дека и е жал што нејзиниот поранешен сопруг решил на овој начин да привлече внимание и да ги сврти децата против неа.

-Им дадов се… Можам да кажам само едно – ова боли – напиша пејачката.

Сем Ашгари (28), младиот сопруг на Бритни Спирс  проговори по изјавите на нејзиниот поранешен сопруг.

– Му посакувам се најдобро и се надевам дека ќе гледа попозитивно на иднината во корист на сите вклучени. Но, засега чувај го името на мојата сопруга надвор од твојата уста – напиша Ашгари на Инстаграм.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.