Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Поранешниот телохранител на Бритни Спирс тврди дека пејачката еднаш неделно примала силни лекови

Шоубиз

Поранешниот телохранител на Бритни Спирс тврди дека пејачката еднаш неделно примала силни лекови

Поранешниот телохранител на Бритни Спирс тврди дека пејачката еднаш неделно примала силни лекови

Покрај многуте познаници, пријатели и соработници на поп ѕвездата Бритни Спирс, се огласи и нејзиниот поранешен телохранител кој работел за неа на почетокот на „пеколот“ со старателството кој го преживува, и тој ги потврдил сите нејзини тврдења.

Фернандо Флорес (40), поранешен телохранител на Бритни Спирс, тврди дека пејачката примала коктел од силни лекови еднаш неделно и дека често се расплакувала поради својот татко.

Фернандо работел за Бритни осум месеци во 2010 година и тврди дека секоја недела една жена ја посетувала Бритни за да и даде лекови. Всушност се работело за три антипсихотични лекови и контрацепција.

Тој исто така тврди дека во тоа време бил следен и телефонот на пејачката и никогаш не и било дозволено да ја напушти куќата сама, а гостите во нејзината куќа во Лос Анџелес биле детално претресувани пред да влезат во куќата. Очигледно тоа било дел од правилата за старателство на нејзиниот татко Џејми.

-Тој се јавуваше три или четири пати на ден за да провери што се случува. Ако сакаше нешто, Бритни мораше да побара дозвола од него. Ги поминуваше своите денови гледајќи телевизија или вежбајќи – изјави Флорес.

За потсетување, татко на поп ѕвездата Џејмс Спирс (69) на крајот на 2008 година доби законско старателство над својата ќерка и нејзиниот имот.

 

 

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.