Шоубиз
Поротата одлучува: Дали Џони Деп ќе ја добие судската битка?
Судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд продолжува денеска. Имено, поротниците во граѓанската постапка меѓу Џони Деп и Амбер Херд беа на тридневен одмор поради празникот Денот на сеќавањето, а се очекува денеска да продолжат со расправата.
Судењето привлече големо внимание кај светската јавност и може да се покаже како значаен преседан за жртвите на семејно насилство. Може да поминат уште неколку дена пред поротата да донесе конечна пресуда, но што би можело да значи за Деп ако неговата тужба за клевета биде одбиена?
Во тужбата против Херд, Деп бара исплата на 50 милиони долари за загуба на заработка, предизвикана од написот на неговата поранешна сопруга во „The Washington Post“ во 2018 година . Таа се опиша себеси како „јавна личност што била жртва на семејно насилство“. Адвокатскиот тим на Деп тврди дека актерот изгубил значителен приход поради инсинуацијата дека е насилник.
Доколку поротата ја одбие неговата граѓанска тужба, тогаш тој нема да ги добие бараните пари, а Херд нема да мора да ги плати своите, веројатно прилично скапи, правни трошоци. Исто така, можно е поротата да заклучи дека Деп има право на дел од сумата за загуба на приход, но дека цифрата од 50 милиони долари е преголема и во тој случај би можел да добие помала сума.
Дури и ако загуби во граѓанска тужба во судот во Ферфакс, Вирџинија, Деп сепак може да ја обжали одлуката. Сепак, ова тешко дека би било ефикасно доколку не се појават нови значителни докази или сведоштва по судењето.
Поголема е веројатноста Херд да го тужи Деп затоа што случајот го однел на суд. Всушност, Херд веќе поднела противтужба од 100 милиони долари против нејзиниот поранешен сопруг, тврдејќи дека ја наклеветил за време на тужбата.
Како што е случајот со тужбата на Деп, поротата би можела и во таа противтужба да одлучи дека цифрата од 100 милиони долари не е оправдана и да и додели на Херд помал износ на обесштетување.