Шоубиз
Потег кој ги шокираше сите: Селена Гомез и Хејли Бибер позираат прегрнати
Во Лос Анџелес овој викенд беше организирана церемонијата на Музејот на филмска уметност, а очекувано на црвениот тепих прошетаа бројни познати личности. Сепак, малкумина можеа да очекуваат дека баш на овој настан повеќегодишната драма меѓу Хејли Бибер и Селена Гомез конечно ќе има свој епилог.
По неколку години гласини, поранешната девојка и сегашна сопруга на популарниот музичар Џастин Бибер за прв пат се сретнаа и се фотографираа заедно во јавност.
Фотографот Тајрел Хемптон на својот официјален профил на Инстаграм објави фотографија на која Селена и Хејли се прегрнуваат , а таа брзо се прошири низ социјалните мрежи и таблоидите.
Нивното изненадно пријателство доаѓа откако Хајли неодамна потенцираше нема „зла крв“ меѓу нив.
Долго време, фановите на Селена шпекулираа дека Хејли е виновна за распадот на нејзината врска со Џастин и дека таа го украла од неа. Минатиот месец, во интервју за подкастот „Call Her Daddy“, Хејли отворено кажа дека Џастин не ја изневерувал Селена со неа.
„Не, ниту еднаш. Кога јас и тој започнавме да се гледаме, тој не беше во врска. Не е во мојот карактер да се мешам во туѓа врска, воспитана сум подобро од тоа“ – рече таа.
Да потсетиме, Џастин и Селена беа во врска од 2010 година, а неколку пати се смируваа и раскинуваа во текот на годините.
Во 2016-та Џастин и Хејли имаа кратка врска, но набрзо потоа се разделија. Во 2017-та, Џастин и Селена беа забележани заедно, па ги разгорија гласините дека можеби ѝ дале уште една шанса на врската. Но, врската не потраја – во март 2018-та тие повторно се разделија, а веќе во јуни, Џастин повторно почна да се гледа со Хејли.
Тие се венчаа речиси веднаш, односно во септември 2018 година.