Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Потврдена причината за смртта на 23-годишната обожавателка која почина на концертот на Тејлор Свифт

Шоубиз

Потврдена причината за смртта на 23-годишната обожавателка која почина на концертот на Тејлор Свифт

Објавена е причината за смртта на Ана Клара Беневидес, 23-годишната девојка која почина на концертот на Тејлор Свифт во Рио де Жанеиро.

Според извештајот на тамошниот Институт за судска медицина, Ана починала од топлотна исцрпеност, пренесува Page Six. Таа имала сериозно оштетување на белите дробови што довело до кардиореспираторен застој. Таа не била под дејство на супстанци кои можат да предизвикаат смрт.

Потсетуваме, Ана почина на почетокот на концертот кој се одржа во ноември на стадионот Естадио Олимпико Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро. Лекарите на местото на настанот се обиделе да ја оживеат младата девојка, но не успеале. Беневидес била пренесена во градската болница Салгадо Фиљо, но набргу потоа починала.

Температурите во Рио тогаш надминаа 38 степени, а бразилските медиуми преноса дека температурата на стадионот била 60 степени. Пожарникарите наводно пружиле помош на повеќе од 1.000 навивачи кои паднале во несвест.

Тејлор Свифт тогаш се огласи за трагичниот настан на Инстаграм.

„Не ми се верува дека го пишувам ова. Со тага во срцето известувам дека изгубивме обожавател пред концертот. Не можам со зборови да кажам колку сум скршена. Имам многу малку информации, само знам дека била многу убава и премногу млада.

Нема да можам да зборувам за ова на сцената затоа што ме обзема тага кога воопшто се обидувам да зборувам за тоа. Сакам да кажам дека ми е жал и дека моите мисли се со семејството и пријателите на починатата обожавателка. Ова е последното нешто што мислев дека може да се случи кога одлучивме турнејата да ја донесеме во Бразил“, напиша таа тогаш.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.