Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Познатa причината поради која тапанарот Тревис Баркер бил хоспитализиран

Шоубиз

Познатa причината поради која тапанарот Тревис Баркер бил хоспитализиран

46-годишниот тапанар Тревис Баркер итно беше префрлен во болница во вторникот, а сега е откриена причината.

Според Entertainment Tonight, тапанарот на бендот Blink 182 завршил во болница поради панкреатитис, односно воспаление на панкреасот.

-На Тревис му се слоши и почувствува силна болка во стомакот што навистина ги загрижи него и Кортни. Повикале брза помош и итно бил префрлен во болница. Откако разговараа со Тревис и направија неколку тестови, лекарите рекоа дека има панкреатитис – изјави извор близок до музичарот.

TMZ соопшти дека лекарите се сомневаат дека состојбата на Баркер е поврзана со неодамнешната колоноскопија. Колоноскопијата се алатка за скрининг на рак на дебелото црево, која вообичаено им се препорачува на мажи со просечен ризик на секои 10 години откако ќе наполнат 45 години. Баркер има 46 години.

Д-р Ерик Голдстајн, гастроентеролог од Њујорк, изјави за американски медиуми дека панкреатитисот предизвикан од колоноскопија е толку редок што извештаите треба „да се земат со резерва“.

Тој се уште е под медицинска нега во медицинскиот центар во Лос Анџелес, каде што е придружуван од неговата сопруга, ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (43).

Имено, последната објава на Баркер „Боже спаси ме“ загрижи многу фанови, иако можеби не е ни поврзана со неговата здравствена состојба. „God Save Me“ е и насловот на песната на Тревис од неодамна објавениот албум.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.