Познатата оскаровка Џенифер Лоренс го очекува своето прво дете
Холивудската актерка Џенифер Лоренс е бремена, пренесува порталот „Page Six“.
Ова ќе биде прво дете за оскаровката и нејзиниот сопруг Кук Маруни (37). Веста ја потврди нејзината претставничка за американските медиуми.
Џенифер и Кук се венчале на приватна церемонија во октомври 2019 година по тригодишна врска. Свадбата се одржа во луксузна вила на Роуд Ајленд, а на нивната венчавка присуствуваа голем број sвезди од шоу-бизнисот, а најголемо внимание привлекоа Адел, Крис Џенер, Ема Стоун, како и Сиена Милер.