Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Познати гости, гламурозна декорација и скап Баленсијага фустан: Вака изгледаше прославата на 50-тиот роденден на Северина

Шоубиз

Познати гости, гламурозна декорација и скап Баленсијага фустан: Вака изгледаше прославата на 50-тиот роденден на Северина

Познатата хрватска пејачка Северина Вучковиќ го прослави својот 50-ти роденден со гламурозна прослава со многу познати гости.

Заносната сплиќанка приреди голема забава во загрепскиот клуб Mint за наводно околу 300 гости, а на забавата пристигнала со бело порше и во придружба на својот долгогодишен пријател и пиар Давор Гргин.

За прославата се одлучила за син фустан на Баленсијага кој бил врзан во машнички на вратот и долниот дел. Косата ја врзала во реп, имала совршена шминка како и секогаш, а насмевката не ја симна од лицето.

Меѓу гостите на роденденот на Северина имаше многу познати личности како од Хрватска така и од регионот, меѓу кои Саша Матиќ, Ана Бекута, Харис Џиновиќ, Петар Грашо со својата нова сопруга Хана и многу други.

Судејќи по објавите од социјалните мрежи, не недостигала добра атмосфера, екипата се забавувала до раните утрински часови, а добар дел од гостите излегле на сцената и познатите пееле легендарни хитови. И Северина во еден момент го зела микрофонот во раце и запеала со своите колеги со што ги воодушевила сите присутни.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.