Познатиот актерски пар од Турција гo откри полот на третото дете
Бергузар Корел на Инстаграм објави фотографии на кои открива дека очекува девојче.
Бергузар и Халит веќе ги имаат синовите Али и Хан. Парот се венчаше во 2009 година и иако денес живеат во идила, нивниот брак беше пропратен со неколку скандали.
Инаку, Бергузар Корел и Халит Ергенч се едни од најпознатите актери во Турција. Тие се познати кај нас по улогите на Шехерезад и Онур во турската серија „1001 ноќ“. Халит исто така ја играше и улогата на султан Сулејман.