Шоубиз
Познато е кој ќе биде домаќин на 96. доделување на Оскарите
Комичарот Џими Кимел по четврти пат ќе биде домаќин на Оскарите, објавија организаторите на најпрестижната холивудска церемонија.
-Отсекогаш сонував да бидам домаќин на Оскарите точно четири пати – се пошегува во соопштението 56-годишниот комичар и водител на американското шоу „Jimmy Kimmel Live!“.
96-тото доделување на Оскарите ќе се одржи на 10 март 2024 година.
-Џими се етаблира како еден од најголемите водители на Оскар на сите времиња благодарение на неговиот совршен спој на добрина и хумор – извршните продуценти на церемонијата Раџ Капур и Кети Мулан ја поздравија веста.
Кимел беше домаќин на доделувањето на наградите во 2017, 2018 и 2023 година.
Оскарите веќе неколку години немаат добра публика, а еден од начините да се врати преносот на церемонијата во златното доба кога го гледаа 50 милиони гледачи е да се избере познато лице како Кимел.
Овој пат доделувањето на престижната филмска награда ќе се одржи во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечната парализа поради штрајкот на сценаристите и актерите. Штрајкот, каков што не е забележан од 1960-тите, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и работниците во индустријата потресена од стриминг сервисите и вештачката интелигенција.