Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Прекинат концертот на Карлеуша поради дојава за бомба

Шоубиз

Прекинат концертот на Карлеуша поради дојава за бомба

Српската пејачка Јелена Карлеуша (43) одржа концерт во Бања Лука, а пред самиот крај на настапот, кој ниту дождот не можеше да го спречи, пристигнала анонимна дојава за бомба.

Според босанските медиуми, пријавата била примена десет минути пред полноќ, по што бил извршен увид и било констатирано дека нема опасност.

– Карлеуша ја најави последната песна и ја отпеа. Потоа влезе полицијата и ги евакуираше сите – изјавил за „Независне“ посетител на концертот.

Од полициската управа Бања Лука известија дека околу 23 часот и 50 минути непознато лице ги контактирало и пријавило дека во тоалет во угостителски објект во населбата Ада била поставена експлозивна направа. Наведоа дека од извршените проверки и преглед од ПДЗ било утврдено дека се работи за лажна пријава.

Ова не е прва лажна тревога за бомба на концертот на Карлеуша. Кога во 2013 година требаше да настапи во ноќен клуб во Тузла, концертот беше одложен поради закана за бомба.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.