Премиера на филмот „Don’t Look Up“: Бремената Џенифер Лоренс заблеска во креација на „Диор“
Оскаровката Џенифер Лоренс заблеска на црвениот тепих.
31-годишната ѕвезда ги воодушеви присутните појавувајќи се во златна тоалета до подот, додека им позираше на фотографите на премиерата на нејзиниот претстоен филм „Don’t Look Up“ во Њујорк. Таа го комплетираше блескавиот изглед со обетки на Tiffany & Co.
Лоренс му се придружи на колегата Леонардо Ди Каприо на премиерата на филмот, кој ќе започне да се прикажува на стриминг платформата Нетфликс на 24 декември.
Во „Don’t Look Up“, дело на режисерот на филмот „The Big Short“, Адам Мекеј, играат Лоренс и Ди Каприо како пар астрономи кои одат на голема медиумска турнеја за да го предупредат човештвото за комета што се приближува и може да ја уништи Земјата.
Во реалниот живот оскаровката се подготвува за голема животна улога. Џенифер Лоренс и сопругот Кук Марони, трговец со уметнички дела, се венчаа во 2019 година, а сега парот го очекува своето прво дете.
Научно-фантастичната комедија „Don’t Look Up“ во својата актерска екипа ги вклучува и: Мерил Стрип, Џона Хил, Кејт Бланшет, Кид Куди, Тајлер Пери, Аријана Гранде, Тимоти Шаламет, Крис Еванс и Метју Пери.
„Don’t Look Up“ ќе започне да се прикажува во киносалите на 10 декември.
https://www.youtube.com/watch?v=RbIxYm3mKzI