Шоубиз
Принцот Хари и Меган ги покажаа своите деца во божиќна честитка
Принцот Хари и Меган Маркл објавија божиќна честитка која содржи шест фотографии, вклучувајќи ретка фотографија од нивните деца, синот Арчи (5) и ќерката Лилибет (3).
Токму фотографијата од децата предизвика голем „бум“ во јавноста, бидејќи тоа е првата фотографија од нивните наследници што ја споделија со светот по неколку години.
„Во име на канцеларијата на принцот Хари и Меган, војвотката и војводата од Сасекс, Арчевел продукција и фондацијата Арчевел, ви посакуваме среќни празници и среќна Нова година“, стои во описот на фотографијата.
На фотографијата децата трчаат кон Хари и Меган, а тие ги пречекуваат со раширени раце. Со нив се и нивните три кучиња. Како што може да се забележи Арчи и Лилибет пораснале и многу личат на нивниот татко. Наследниците на кралската двојка имаат црвена коса, што е заштитен знак на принцот Хари.