Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Продуцентка на шоуто проговори и ги откри тајните на Кардашијанс

Шоубиз

Продуцентка на шоуто проговори и ги откри тајните на Кардашијанс

Продуцентка на шоуто проговори и ги откри тајните на Кардашијанс

Популарното реално шоу неодамна заврши по 14 години и 20 сезони.

Продуцентот на шоуто Фарназ Фарјам во интервју за Variety откри неколку тајни на семејството. Таа работела на ова шоу од самиот почеток во 2007 година.

Фајрам открила дека Кајли ја криела својата бременост од целата екипа додека го снимала своето посебно шоу „Life of Kylie“

„Интересно за бременоста на Кајли е тоа што таа дознала дека е бремена додека снимала и првично криела од сите. Пред да ја видам снимката, еден од членовите на семејството ми кажа дека е бремена, но не верував. Мислев дека ме лаже и дека сум на тест, бидејќи често се случуваше да ни откријат нешто само за да дознаат кој изнесува информации. “

Продуцентката подоцна говорела и за Ким која разводот го пребродела сама.

„Не беше исто како претходните разводи во семејството, Ким навистина тоа го држеше за себе. Таа дури и со семејството не беше толку отворена на таа тема“

Таа исто така признала дека било јасно дека бракот на Ким се распаѓа со оглед на тоа што го познава семејството 15 години.

За Клои изјавила дека на почетокот таа била многу повеќе самоуверена, но нејзиното однесување се променило низ годините поради жестоките критики за нејзиното тело.

На почетокот на шоуто членовите на семејството сами се грижеле за фризура и шминка и патувале со комерцијални летови.

„Првата сезона тие дури немаа ни шминка и фризура секој ден, имаа само за интервјуата. Продкцијата не беше гламурозна како сега. За втората сезона најдовме начин да платиме за нивно средување секој ден бидејќи тоа стана и нивен заштитен знак.“

 

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.