Шоубиз
Први фотографии од Шакира и Пике по разделбата
Пејачката Шакира и фудбалерот Жерард Пике се фотографирани во Хлубока, Чешка каде престојувале за да му дадат поддршка на синот Милан, кој викендов се натпреварувал на меѓународен бејзбол турнир.
Нејзиниот пријателски однос со него моментално е во најдобро издание, но сепак го одржуваат поради нивните деца, ексклузивно пишува шпанскиот магазин „El Peridico“.
Шакира на фотографиите од турнирот во Чешка делува смирено. Таа се обидува да се насмее и да ја покаже својата пријателска страна кон навивачите кои поминуваат, додека пак Пике е забележан како гледа во земја.
Shakira at Milan's baseball tournament in the Czech Republic yesterday. ❤️ pic.twitter.com/8Qs0kNTbW1
— shakirastuff (@shakirastuff_) June 5, 2022
Фотографиите покажуваат дека и покрај тоа што се физички се наоѓале на истото место, тие избегнуваат контакти по секоја цена, барем јавно, како што пренесуваат шпанските медиуми.
Милан кој има девет години е член на каталонскиот тим кој се натпреваруваше во Суперкупот до 10 години на бејзбол турнир. Во конкуренција на 24 екипи што започна во четвртокот, екипата го зазеде четвртото место.
Тимот на Милан заврши на првото место во својата група, но го загуби вториот натпревар во неделата, со што постариот син на Шакира и Пике не успеа да се најде на подиумот.