Шоубиз
Раперот Асап Роки уапсен поради пукање, платил кауција од 550.000 долари
Асап Роки (33), момчето на Ријана (34), со кое таа чека дете, беше уапсен во средата во Лос Анџелес, а подоцна истиот ден тој ја напушти полициската станица.
Тој бил во полициските простории бидејќи го поврзуваат со пукање што се случило во ноември 2021 година. Раперот е уапсен при самото пристигнување на аеродромот во Лос Анџелес, каде што долетал со приватен авион од Барбадос. Познатиот пар замина во родното место на пејачката кога се појавија гласините за раскинување поради неговото наводно неверство.
Тој во средата попладне ја напуштил полициската станица во центарот на Лос Анџелес опкружен со неколку полицајци, а потоа влегол во црн автомобил. Американските медиуми преносоа дека тој бил ослободен по три часа и наводно платил кауција од 550.000 долари и ќе се појави на суд на 17 август.
Полицијата соопшти дека на 6 ноември 2021 година се случила кавга меѓу двајца познаници, која ескалирала и резултирала со тоа што осомничениот Роки пукал со пиштол кон жртвата и побегнал од местото на настанот пеш со уште двајца мажи.
Жртвата тврди дека Роки пукал неколку пати и дека барем еден куршум ја повредил неговата левата рака. Очевидци изјавиле дека полицијата ја пребарала куќата на раперот и излегла со кутија со потенцијални докази.