Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Раперот Џеј Зи е обвинет за силување 13- годишно девојче

Шоубиз

Раперот Џеј Зи е обвинет за силување 13- годишно девојче

Џеј Зи е обвинет за силување на 13-годишно девојче заедно со Шон „Диди“ Комбс на забава по доделувањето на видео музичките награди на Ем-Ти-Ви (MTV VMA) во 2000 година, пишуваат странските медиуми.

Музичкиот магнат е именуван во тужбата поднесена во неделата од страна на адвокатот од Тексас, Тони Базби, кој застапува неколку луѓе кои поднеле тужби против Диди.

На Диди му се суди под обвинение за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, заговор за рекетирање и поврзани обвиненија за проституција. Комбс се изјасни за невин и ги отфрли сите обвиненија во околу 30 граѓански тужби поднесени против него.

Името на наводната жртва не е познато, а во тужбата се наведува дека Џеј Зи и Комбс ја силувале на домашна забава во Њујорк во септември 2000 година, кога имала само 13 години. Таа тврди дека и понудиле пијачка по што се почувствувала чудно и отишла во својата соба да легне малку. Набргу потоа, се наведува, во собата влегле двајцата рапери. Со нив, според тужбата, било уште едно женско лице кое не е идентификувано.

Џеј Зи се изјасни за наводите, нарекувајќи ги „одвратни“, а адвокатот што ја застапува наводната жртва го нарече „патетичен“.

– Мојот адвокат доби обид за уцена од „адвокатот“ Тони Базби. Тој сметал дека природата на овие наводи и вниманието на јавноста ќе ме натераат да се спогодам. Не, господине, ќе биде обратно! Сега сакам да покажам каков измамник сте и нема да ви дадам ниту една паричка – рече тој, додавајќи дека обвинувањата против него се толку одвратни и побара адвокат да поднесе кривична тужба против него, а не граѓанска.

– Кој направил такво нешто на малолетничка треба да оди во затвор, не се согласувате? Овие наводни жртви ја заслужуваат својата правда – ​​изјави раперот во соопштението.

Музичарот со поп дивата Бијонсе има три деца, а во соопштението го спомена и семејството.

-Јас и мојата сопруга сега ќе треба да седнеме со нашите деца, од кои едното е на таа возраст каде што нејзините пријатели сигурно ќе го видат сето тоа во медиумите и ќе ја испрашуваат за тоа. Мораме сега да им објасниме колку се сурови и алчни луѓето – изјави тој.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.