Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Раперот Тејкоф од групата „Мигос“ е убиен во престрелка во Хјустон

Шоубиз

Раперот Тејкоф од групата „Мигос“ е убиен во престрелка во Хјустон

Американскиот рапер Киршник Хари Бол (28), попознат како Тејкоф од хип хоп групата „Мигос“, утрово е пронајден мртов по пукање во Хјустон, пишува ТМЗ.

Очевидци и извори од полицијата за странските медиуми изјавија дека инцидентот се случил околу 2.30 часот наутро, по локално време. Во тоа време, властите добиле повик дека човек бил застрелан во кугланата „810 Billiards & Bowling Houston“.

Изворите тврдат дека Тејкоф и Куаво, исто така член на триото Мигос, се коцкале, по што настанала расправија и почнало пукањето. Раперот Тејкоф наводно бил застрелан во главата, или во близина на главата, а кога бил пронајден, на местото на настанот бил прогласен за мртов.

На социјалните мрежи се споделуваат снимки и фотографии од местото на инцидентот, а во ова пукање се наведува дека се повредени уште две лица, но тие не починале, туку имаат тешки повреди и се во болница. На местото на настанот бил и раперот Куаво, но тој не е повреден.

Тејкоф објави фотографија од кугланата неколку часа пред пукањето.

Инаку, Takeoff, Offset и Quavo се членови на популарната американска хип хоп група Migos. Куаво му беше вујко, а Офсет им е исто така роднина.

Тие се собраа како група во 2008 година во Џорџија и станаа мулти-платинумски хитмејкери, објавувајќи го нивниот прв голем хит, „Versace“ во 2013 година. Тие беа број еден на Билборд листата во 2016 година со „Bad and Boujee“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.