Шоубиз
„Разочарани сме“: Ванеса Хаџенс го доби првото дете, ги критикуваше папараците поради нарушување на приватноста
Американската актерка и пејачка, 35-годишната Ванеса Хаџенс го роди своето прво дете. Американските медиуми информираа дека во средата со сопругот ја напуштила болницата во Санта Моника. Полот и името на детето се уште не и се познати на јавноста.
Ванеса Хаџинс објави горчливо слатка порака во која го објави раѓањето на нејзиното новороденче.
Актерката од „High School Musical“ ја објави среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг Кол Такер го дочекаа нивното прво дете.
Во објавата споделена на Инстаграм, таа напиша дека приватноста на нејзиното семејство била „непочитувана“ од папарацо фотографите кои ја фотографирале неа и нејзиното семејство како ја напуштаат болницата само неколку часа по раѓањето на бебето.
„Разочарани сме што приватноста на нашето семејство беше непочитувана и искористена во овој многу посебен период поради алчноста на камерите со долги објективи што ги храни медиумите“, напиша таа. „И покрај сето тоа, мама, тато и бебето се среќни и здрави“.
Фотографиите до кои дојдоа неколку американски медиуми ја прикажуваат Хаџинс во количка додека го држи бебето во раце, а нејзиниот сопруг Такер стои зад неа.
Ванеса е во брак со бејзбол играчот Кол Такер. Тие се запознале во 2020 година преку Зум. Нив ги обединила љубовта кон медитацијата, бидејќи на тој начин се опуштале за време на пандемијата. После неколку месеци ја потврдија врската, а набрзо се верија. Тие се венчаа минатиот декември во Мексико.
Долго време кружеа гласини дека Ванеса е бремена, а таа тоа го потврди на црвениот тепих на Оскарите. Таа се појави во црн фустан до подот, а јасно се гледаше нејзиниот труднички стомак.