Шоубиз
Ријана ќе настапи на полувремето на „Супербоул“
Во февруари 2023 година, поп-ѕвездата Ријана ќе настапи на полувремето на „Супербоул“ во Глендејл, Аризона .
Финалето на едно од најпрестижните и најскапи спортски натпревари во САД, Супербоул, се одржува секоја година, а по традиција, полувремето на ова спортско натпреварување е резервирано за најголемите светски ѕвезди кои на публиката и обезбедуваат луда забава со нивните неверојатни изведби.
Рири ја потврди веста на својот официјален Инстаграм и Твитер профил откако објави фотографија како држи рагби-топка со знакот на НФЛ.
Да потсетиме, на 14 февруари годинава, заедно настапија Еминем, Др. Дре, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар и 50 Сент, а многумина едвај чекаат Ријана конечно да настапи на Супербоул.
Имено, Рири одби да настапи на Суперболот во 2019 година во знак на солидарност со поранешниот играч на американската национална фудбалска лига (НФЛ) Колин Кеперник, кој потоа беше отпуштен од тимот поради клекнување за време на националната химна како протест против полициската бруталност врз Афроамериканците.
Настапот на Ријана на полувремето ќе биде нејзин прв голем настап од 2018 година. Таа нема издадено нов албум од „ANTI“ во 2016 година, а во меѓувреме се фокусираше на нејзината линија за шминка и долна облека. Таа, исто така, со својот партнер раперот АСАП Роки го доби првото дете пред неколку месеци.