Ријана на состанок со момчето во смела комбинација без градник
Популарната пејачка Ријана (33) во последно време не се појавува често во јавноста и поради тоа секое нејзино излегување е пропратено од безброј папараци.
Рири одлучила да излезе на состанок во Њујорк со своето момче Ејсап Роки (33), а нејзината комбинација за оваа прилика никого не оставила рамнодушен.
Парот е многу таинствен околу нивната врска и никој не знае кога точно тие започнале да се забавуваат, но едно знаеме дека Роки за магазинот GQ изјави дека Ријана е „љубовта на неговиот живот“.
Пејачката на состанокот се појавила во розов фустан со висок шлиц и длаболко деколте, но тоа е сосема небитно земајќи во предвид дека низ проѕирната ткаенина можело да се види апсолутно се.
Раперот и пејачката разменувале нежности и погледите на сите присутни биле вперени кон нив. Тие биле расположени и не им пречеле ни блицевите од папараците.