Шоубиз
Ријана откри дека е повторно бремена на настапот на Супер Боул
Ријана го чека своето второ дете, потврди нејзиниот претставник за Холивуд Репортер.
Среќната вест доаѓа откако 34-годишната пејачка предизвика гласини за бременост за време на нејзиниот настап на полувремето во Супер Боул, облечена во целосна црвена комбинација.
.@Rihanna flies above it all during her performance at the #AppleMusicHalftime #SuperBowl show pic.twitter.com/ckDZzSxrtJ
— The Hollywood Reporter (@THR) February 13, 2023
Ова ќе биде второ дете за Ријана и нејзиното момче, раперот A$AP Rocky.
Парот, кој започна да се забавува кон крајот на 2020 година, веќе има 9-месечен син, чие име сè уште не го открија.
Деветкратната добитничка на Греми се врати на сцената во неделата на Супер Боул по долгогодишна пауза од музиката.
Rihanna shows off her baby bump. ❤️ pic.twitter.com/n0vJ4qlqXS
— Pop Base (@PopBase) February 13, 2023
Нејзиниот легендарен настап на овогодинешниот Супербол може да го погледнете тука.
Нејзин најголем обожавател и поддржувач беше A$AP Rocky, кој може да се забележи како гордо и со насмевка го следи настапот.
ASAP Rocky is everyone watching @Rihanna ? #AppleMusicHalftime pic.twitter.com/pG6DWRL7ch
— NFL (@NFL) February 13, 2023