Шоубиз
Ријана се враќа на музиката со песна за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“
Официјално е: Ријана го прави своето долгоочекувано враќање во музичките води со „Lift Me Up“, главниот сингл на продолжението на блокбастерот на Марвел „Black Panther: Wakanda Forever“.
Песната, во чест на животот и наследството на Чедвик Босеман, ја напишаа Темс, Лудвиг Горансон, Ријана и режисерот Рајан Куглер. „Lift Me Up“ ќе биде објавена во петок, 28 октомври пред филмот, чија премиера во кината е на 11 ноември. Ријана објави кратко видео на социјалните мрежи каде ја промовира новата песна.
lift me up
10.28.22 pic.twitter.com/hIvhUQP8Bj— Rihanna (@rihanna) October 26, 2022
„Откако разговарав со Рајан и ја слушнав неговата режија за филмот и песната, сакав да напишам нешто што прикажува топла прегратка од сите луѓе што ги изгубив во мојот живот. Се обидов да замислам какво е чувството кога би можел да им пеам сега и да изразам колку ми недостигаат“, вели Темс во изјавата. „Ријана беше инспирација за мене, па да ја слушнам како ја пренесува оваа песна е голема чест“.
Една од најпопуларните пејачки нема издадено албум веќе 6 години, последен беше албумот „Anti“ од 2016 година. Оттогаш, новопечената мајка го прошири својот репертоар како успешна бизнисменка и стана милијардерка благодарение на нејзиниот козметички бренд Fenty Beauty и линијата за долна облека Savage x Fenty.
Нејзината долга пауза од настапи во живо треба да заврши на 12 февруари, кога ќе има свој настап на полувремето на Супер Боул во 2023 година.