Шоубиз
Ријана стана мајка, со Асап Роки добија син
Ријана го роди своето прво дете, момче чие име се уште е непознато за јавноста.
По неколку месеци гледање на нејзините совршени комбинации за бременост во кои уште еднаш се покажа како апсолутна стилска икона, Ријана стана мајка.
Таа го родила синот чиј татко е раперот Асап Роки на 13 мај во Лос Анџелес, пишува TMZ. Името на момчето се уште е непознато за јавноста.
-Ријана е добро. Многу се возбудени што се родители. Ријана веќе е прекрасна мајка – изјавил извор близок на парот за People.
Таа се уште не објавила на својот Инстаграм за среќната вест.
Последен пат пејачката беше видена во јавност на Денот на мајката, кога уживаше во вечерата со раперот во ресторанот Џорџо Балди. Дека е бремена му соопшти на светот во јануари годинава објавувајќи фотографии од улиците на Њујорк на кои акцентот беше ставен на нејзиниот стомак.
Во последните неколку месеци овој пар го тресат разни скандали. Откако целиот свет зборуваше дека раперот има афера со дизајнерката на обувки Амина Муади, исто така пријателка на Ријана, тој заврши зад решетки бидејќи беше поврзан со пукање што се случило кон крајот на минатата година.
Асап беше ослободен само три часа откако плати кауција од 550.000 американски долари и ќе се соочи со судење на 17 август.