Шоубиз
Рики Мартин победи на суд: Неговиот внук ги отфрли обвиненијата
Внукот на познатата латино ѕвезда Рики Мартин (50), Денис Јадиел Санчез, ги отфрли обвиненијата за инцест, пренесуваат американските медиуми.
Портпаролот на судот рече дека Денис наводно доброволно се откажал од случајот и судијата ја укина наредбата за привремена забрана.
– На виртуелното судско рочиште, внукот доброволно се откажа од обвинението и рече дека повеќе не му треба наредба за заштита – изјави портпаролот.
Имено, на Рики му се закануваа 50 години затвор, бидејќи неговиот внук Денис Санчез тврдеше дека имале 7-месечна сексуална врска, а по раскинувањето, славниот пејач наводно го демнел и малтретирал.
-Како што очекувавме, налогот за привремена заштита не беше продолжен од страна на Судот. Обвинителот му потврди на судот дека неговата одлука да го отфрли предметот е само негова, без никакво надворешно влијание или притисок. Драго ни е што нашиот клиент виде дека правдата е задоволена и сега може да продолжи со својот живот и кариерата – изјавија адвокатите на пејачот во изјавата по сослушувањето.