Роби Вилијамс откри дека бил мета на платен убиец
Да, никогаш не го кажав ова, но над мојата глава имаше платен убиец. Ова се работи за кои не се зборува кога ќе станеш славен, изјави во интервју за „Мирор“ британскиот пејач Роби Вилијамс (47).
Со таа изјава изненади многумина, а додаде дека тешко се справувал со славата.
-Во еден миг од мојот живот бев неверојатно познат. Познат, во стилот на Мајкл Џексон. Станав популарен кога имав 17 години. На 16 бев во „бој бенд“, а кога имав 21, започнав солокариера. Продадов 80 милиони албуми, го држев рекордот по бројот на продадени билети за еден ден за турнејата – се присетил британскиот пејач.
Тој вели дека се кае што нема приватност, но одамна сфатил дека тоа е цената што треба да ја плати како славна личност.
-Сакам да одам на нормални места каде што не можам да одам, затоа што луѓето сакаат да ме убијат. Потребно е некое време за да се помириш со тоа. Имам анксиозност и не сакам да запознавам странци, а странци сакаат да ме запознаат и незгодно ми е поради тоа. Мислејќи на тоа всушност ме вознемирува – тврди тој.