Роналдо и приреди роденденско изненадување на Георгина во Дубаи
Георгина го прослави својот 28 роденден во Дубаи со семејството, а нејзиниот посебен ден го дополни нејзиниот избраник, еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо.
Кристијано Роналдо и подари на девојката Георгина Родригез екстравагантен роденденски подарок – нејзино сопствено ласерско шоу со нејзиното лице на знаменитост во Дубаи.
36-годишната суперѕвезда на Манчестер Јунајтед потрошил илјадници за осветлување на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа, со клипови од нејзиното ново шоу на Нетфликс.
-Среќен роденден љубов моја – напиша Роналдо под објавата.
Овој гест особено ја трогна Георгина, која објави порака на својот Инстаграм профил.
-Вака завршува еден преинтересен ден, немам зборови. Благодарам, благодарам и благодарам, Кристијано. Не можеше да ме направиш посреќна од ова – напиша Георгина.
Роналдо моментално ужива во Дубаи со своето семејство за време на зимската пауза во Премиер лигата.
За потсетување, Георгина и Роналдо се запознале во 2016 година, а неодамна открија дека чекаат близнаци, девојче и момче. Двојката веќе ја има ќерката Алана Мартина и синот на Кристијано, Кристијан Џуниор, кој го доби со жена чиј идентитет не е откриен, и близнаците Ева и Матеo, кои се родени од сурогат мајка.