Шоубиз
САГАТА ПРОДОЛЖУВА: Кање Вест ја избриша Ким Кардашијан и нејзините сестри од Твитер
Холивудската сага со тројката Ким, Кање и Ирина Шајк продолжува – откако пред неколку дена и официјално беше потврдена „тајната“ врска помеѓу руската манекенка и американскиот рапер.
Имено, откако вчеравечер се емитуваше последната епизода од шоуто „Keeping up with the Kardashians“ во која Ким Кардашијан јавно му го честита роденденот на Кање, тој престана да ја следи Ким Кардашијан и нејзините сестри на Твитер.
После целата сага, раперот престанал да ги следи Ким (40), Кортни (42) и Клое (36), и покрај тоа што му го честитаа роденденот на социјалните мрежи претходно оваа недела.
Ким во честитката на Инстаграм напиша дека „ќе го сака до крајот на животот“. Наводно, неговата средба со Ирина Шајк трае веќе неколку месеци, а Ким знаела за тоа од самиот почеток.