Шоубиз
Се огласи еден од главните актери на контроверзниот филм „It Ends with Us“ и застана во одбрана на своите колешки
Деновиве цел свет зборува за Блејк Лајвли и филмот „It Ends with Us“ кој моментално е најпопуларниот филм во САД.
Покрај Блејк Лајвли, во филмот глуми и Џастин Балдони, а вниманието од филмот се префрли на наводните тензии и несогласувања меѓу главните актери. Шпекулациите за лошиот однос меѓу нив почнаа да се шират откако многумина забележаа дека не го промовираат филмот заедно.
Актерот Брендон Скленар, кој во филмот го игра пријателот од детството, а подоцна и љубовниот интерес на главниот лик во филмот, Лили Блум (ја игра Блејк Лајвли), реши да се огласи на Инстаграм за омразата, контроверзноста и негативните коментари и упати поддршка на неговите колешки.
„Здраво на сите, сакам да издвојам една минута за да проговорам за сите овие работи што кружат низ интернетот. Колин и жените во оваа постава се залагаат за надеж, упорност и правото на жените да изберат подобар живот за себе. Демонизирање на жените кои вложија толку многу срце и душа во создавањето на овој филм затоа што силно веруваат во неговата порака изгледаат контрапродуктивни и го одвлекуваат вниманието од она за што е овој филм“, рече тој во објавата на Инстаграм.
„Тоа е всушност спротивно на поентата. Она што можеби се случило или не се случило зад сцената, не треба и се надеваме дека не ги намалува нашите намери во правењето на овој филм. – додаде тој.
Скленар додаде дека „некој многу близок“ доживеал врска што ја „отсликува“ врската на Лили и дека чувствува „одговорност да ја пренесе на екранот и да помогне во ширењето на таа порака“. Да потсетиме, филмот е базиран на романот на Колин Хувер, која работеше и на филмот.
Актерот објасни дека секоја личност вклучена во филмот е „свесна за одговорноста“ што ја има при неговото создавање, а филмот е замислен како „сурова реалност за мажите кои треба да ги средат своите животи и да преземат одговорност за себе и за своите постапки.
Скленар рече дека пред луѓето да почнат да „шират омраза на Интернет“ треба да се запрашаат „кому му помага тоа“. “Запрашајте се дали вашите мислења се засноваат на факти или едноставно сакате да бидете дел од нешто. Ајде заедно да бидеме дел од нешто подобро. Дел од новата приказна која се пишува за жените и сите луѓе. Водете се од љубовта и Ве молам, бидете љубезни“, вака ја заврши својата објава.
Да потсетиме, Блејк Лајвли е мета на критики од јавноста. Многумина тврдат дека таа ја искористила промотивната турнеја на филмот за да ги промовира своите нови производи за нега на коса Блејк Браун и својот бренд на пијалоци. На социјалните мрежи многумина истакнуваат дека маркетиншката кампања на филмот била погрешна од нејзина страна бидејќи го прикажува како забавен и романтичен филм, притоа игнорирајќи ја важната тема за семејното насилство за која всушност зборува.