Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Се омажи Лана Дел Реј

Шоубиз

Се омажи Лана Дел Реј

Американската кантавторка Лана Дел Реј (39) по кратка врска се омажи за своето момче Џереми Дуфрен (49).

Суперѕвездата на современата музика и нејзиниот избраник кој е туристички водич и чувар на алигатори рекоа „Да“ во Луизијана, во истиот залив каде Џереми ги спроведува своите популарни тури со брод по мочуриште.

Судејќи според снимката која стигна во јавноста, Лана Дел Реј, чие вистинско име е Елизабет Вулриџ Грант, пристигнала пред олтарот во придружба на нејзиниот татко Роберт Грант, носејќи бидермаер и изгледа прекрасно во бела венчаница со крената коса.

Како што е познато, сопругот на Лана е постар од неа, има еден брак и е татко на три деца.

Дуфрен и Дел Реј првпат беа романтично поврзани во август 2024 година, откако корисник на Редит објави фотографија од двајцата како ручаат заедно во Лондон. Корисник на TikTok потоа сподели кратко видео од пејачката како оди рака под рака со Џереми на фестивалот во Лидс. Дуфрен беше плус-еден на Дел Реј на свадбата на сопственикот на познато музичко студио во Њујорк, на 7 септември.

Во продолжение погледнете форографии од венчавката кои ги објавија американските медиуми:

This slideshow requires JavaScript.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.