Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Се ожени главниот актер од серијата „How I Met Your Mother“: Тед Мозби го кажа судбоносното „да“ на 50 години

Шоубиз

Се ожени главниот актер од серијата „How I Met Your Mother“: Тед Мозби го кажа судбоносното „да“ на 50 години

Актерот Џош Раднор, ѕвезда на серијата „How I Met Your Mother“, се ожени на 50-годишна возраст со клиничкиот психолог Џордана Џејкобс, а радосната вест и прекрасните свадбени фотографии направени на снег ги сподели на социјалните мрежи со емотивен опис.

„Се оженив! Пред две недели. Во мала снежна бура. Беше неверојатно емотивен викенд исполнет со снежно блаженство. Благодарен сум на толку многу луѓе што дојдоа во имотот „Cedar Lakes“ за да бидат со нас. Но, најмногу од сè, благодарен сум на Џордан. Не ми се верува дека оваа извонредна жена можам да ја наречам своја сопруга“, напиша тој.

Двојката се венчала на 6 јануари на имотот Cedar Lakes во долината Хадсон во Њујорк, а церемонијата не била нарушена од снежната бура.

Да потсетиме дека Џош беше еден од главните актери во серијата „How I Met Your Mother“ („Како ја запознав мајка ти“), која се емитуваше од 2005 до 2014 година. Раднор се занимава и со музика, но и со медитација, која го спои со неговиот животен придружник. Поголема слава не доживеа по емитување на популарната серија.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.