Шоубиз
Се разведува актерката Натали Портман
Холивудската актерка Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенџамин Милепид наводно се разделиле по гласините дека тој имал афера. Извор за Us Weekly изјавил дека двојката, која има и две деца, се разделила по 11 години брак.
– Откако веста за неговата афера излезе во јавноста, тие се обидоа да поработат на бракот, но сето тоа доведе до раскинување – тврди извор.
Претставниците на Портман и Милепид не одговорија на барањето на медиумите за коментар, но Портман (42) беше забележана минатата недела во Сиднеј без нејзиниот сопруг, и покрај тоа што тој викенд беше нивната годишнина од брак.
Исто така, некои забележаа дека познатата оскаровка не го носи својот веренички прстен од 4 карати.
Имено, веста за разводот на познатата актерка и францускиот танчер и кореограф се појавија откако започнаа шпекулациите за наводното пријателство на Милепид (46) со 25-годишната активистка за климатски промени Камил Етјен.
Францускиот магазин Voici објави слики од средбата на Mилепид и Етјен во неговата канцеларија. Биле видени како влегуваат во зградата одделно, а потоа излегуваат со разлика од 10 минути, речиси два часа подоцна. Исто така се наведува дека Портман дознала за наводното неверство на нејзиниот сопруг месеци пред тоа. Тогаш се пишуваше дека Натали и Бенџамин се обидуваат да го спасат својот брак, но очигледно неуспешно.
– Не раскинаа и се обидуваат да ги решат работите. Бен прави се што може за да ја натера Натали да му прости. Тој ја сака неа и нивното семејство – изјавил тогаш извор за Page Six.
Изворот додаде дека Портман „исклучително ја почитува својата приватност“ и дека во моментов нејзиниот најголем фокус е заштитата на нејзините деца, синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6).