Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Селена Гомез го прослави својот роденден во познато друштво, а откриено е и нејзиното вртоглаво богатство

Шоубиз

Селена Гомез го прослави својот роденден во познато друштво, а откриено е и нејзиното вртоглаво богатство

Познатата пејачка и актерка викендов го прослави својот 31 роденден, а во исто време беше објавена информација за нејзината банкарска сметка која содржи над 800 милиони долари.

Селена Гомез, една од најпопуларните холивудски ѕвезди, вчера го прослави својот 31 роденден. Најследената жена на Инстаграм сподели дел од фотографиите на социјалните мрежи, па од прва рака можевме да ја видиме атмосферата, нејзиниот импресивен стајлинг и дел од гостите.

Селена носела црвен мини фустан од Bottega Veneta со 3D цветен принт додека на нејзините стапала имаше црни сандали со прерамки. Елегантната подигната пунџа го комплетираше целиот изглед.

Фотографиите открија дека на забавата биле присутни и други светски ѕвезди како Парис Хилтон и Кристина Агилера, латино ѕвездата Karol G, раперите Tyga и Saweetie, а за музиката бил задолжен познатиот диџеј Дипло.

Следниот ден следувала уште една забава, но само со најблиските пријатели и членови од семејството. Селена организирала приватна проекција на филмот „Барби“, а потоа и интимна вечера во елитен ресторан во Лос Анџелес. Сите гости биле облечени во розево, а и деталите од прославата биле целосно во склоп со филмот.

Во моментите кога над 400 милиони фанови на познатата пејачка и актерка уживаа во можноста да ѕирнат во нејзината забава, беа објавени податоци и за нејзиното вртоглаво богатство кое изнесува 800 милиони долари. Ако се прашувате од каде има скоро милијарда долари на сметката, доволно е да се потсетите дека кариерата ја започнала скоро пред две децении глумејќи во сериите на Дизни за млади.

Тука е и нејзината извонредна музичка кариера, која ја започна во 2008 година во бендот Selena Gomez & The Scene и ја продолжи како многу успешна соло пејачка.

Моментално е дел од главното трио во една од најголемите хумористични серии „Only Murders in the Building“ заедно со легендите Стив Мартин и Мартин Шорт, а во новата сезона им се придружуваат и Мерил Стрип и Пол Рад. Таа исто така е и еден од продуцентите на серијата. Таа има својата продукциска компанија која ја има продуцирано серијата „13 Reasons Why“ како и нејзиното, номинирано за Еми, кулинарско шоу „Selena + Chef“.

Сепак, нејзиното најголемо богатство потекнува од нејзиниот личен бренд, линијата на козметички производи Rare Beauty која постигна огромен успех на пазарот. Таа е партнер и инвеститор во познатиот ресторан Serendipity и нивниот сладолед каде што има креирано и свој вкус, има инвестирано во Gopuff, и лансирано сопствена линија садови за готвење, Our Place. Секако, има и профитабилни соработки со брендови како Coca Cola, Apple, Coach, Louis Vuitton, Pantene, Adidas, Puma итн.

Таа за роденденот им се заблагодари на сите на својот Инстаграм профил и ја откри единствената желба што ја има за тој посебен ден.

„Благодарна сум за толку многу работи во својот живот, а една од работите поради кои сум најблагодарна е она што успеавме да го направиме со Rare Impact Fund преку Rare Beauty. Поради вас успеавме да ја подигнеме свеста, да го зголемиме пристапот до услуги поврзани со менталното здравје за младите луѓе. Ова е мојата вистинска страст во животот. Не ми купувајте ништо, но ако сакате да направите нешто за мојот роденден, донирајте во Rare Impact Fund. Ако имате можност, размислете да донирате за да ни помогнете да направиме разлика“, ги покани Селена фановите.

Што всушност е „Rare Impact Fund“? Станува збор за фонд кој Селена Гомез го започна преку нејзината козметичка империја Rare Beauty. Целта на споменатиот фонд е да се намали стигмата поврзана со менталното здравје и да се обезбеди пристап на младите до ресурсите што им се потребни. На веб-страницата на фондот стои дека имаат за цел во следните 10 години да соберат 100 милиони долари.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.