Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Селена Гомез и Ким Кардашијан изгубија следбеници поради критики кон Доналд и Меланија Трамп

Шоубиз

Селена Гомез и Ким Кардашијан изгубија следбеници поради критики кон Доналд и Меланија Трамп

Американската пејачка и актерка Селена Гомез изгуби повеќе од 715.000 следбеници откако сподели емоционално видео во кое го критикува Доналд Трамп поради депортацијата на мигранти.

„Ги напаѓаат моите луѓе, моите деца. Не разбирам. Жал ми е, посакувам да можев да направам нешто… Ќе пробам сè, ветувам“, изјави Гомез во видеото.

Маркетинг

Според Social Blade, Селена изгубила значителен број следбеници во последниот месец. Видеото подоцна го избриша и објави црна слика со порака:

„Очигледно не е во ред да се покажува сочувство кон луѓето.“

Според податоците на ICE, во изминатата недела повеќе од 1.000 луѓе биле депортирани. Трамп ја нарече ситуацијата на границата „национална криза“ и нареди дополнително воено обезбедување. Тој најави и ограничување на автоматското државјанство за децата на недокументирани имигранти.

И Ким Кардашијан изгуби следбеници

Ким Кардашијан загуби речиси 150.000 следбеници минатата недела поради објава на Инстаграм со фотографија од Меланија Трамп.

Објавата, која ја прикажуваше првата дама во креација на Адам Липс, предизвика поделени реакции, иако Кардашијан никогаш јавно не откри за кого гласала.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.